„Специјалецот“ на Путин во Советот на Европа за Приштина претставува „безбедносна закана“

Веста дека Алексеј Кондратиев, пратеник во Советот на Европа би можел да стане известувач на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Косово, сериозно ја „стресе“ официјална Приштина, до тој степен што одредени претставници на приштинските институции ова го оценија како „безбедносна опасност“, пренесе српски „Телеграф“.

Министерот за надворешни работи во заминување Беџет Пацоли смета дека Приштина со него не би требала да соработува и на Твитер изрази загриженост поради ова можно сценарио.

– Кондратиев е закана за националната безбедност за Косово, и ние нема да го прифатиме неговото можно именување, ниту пак да соработуваме со него. Потребно е двапати да се размисли пред да се направи таков чекор – напиша Пацоли.

Прочитајте и...  Македонија лидер во регионот по употреба на бесконтактна технологија

Кој всушност е Алексеј Кондратиев?

Кондратиев е редовен член на одборот во Советот на Европа за миграција, бегалци и раселени лица и на пододборот за Блискиот исток и арапскиот свет.

Според претходните објави на германски „Билд“, Одборот за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа го избрал Кондратиев за „известувач за Косово“.

Официјално, задачата на известувачот му е да го информира Советот на Европа за развојот на аледемократијата на косовската територија, а особено во спорот со Белград. Избраниот известувач, алепишува „Билд“, всушност ќе стане амбасадор на Советот на Европа за Косово и ќе добие, меѓу другото, широк пристап за доверливи информации.

Кандидати за ова место беа пратеникот во Бундестагот Петер Мејер (ЦДУ), кој веќе неколку години работи на прашањето и спорот меѓу Косово и Србија, претставникот на Холандија Ане Мулдер, како и Русинот Кондратиев, кој од јуни 2019 година стана член на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Прочитајте и...  Жерновски: Стоп за старата политика на новиот будимпештанец

„Билд“ пишува дека Кондратиев до 2010 година бил офицер во специјалната воена служба ГРУ, а од 1999 до 2001 година бил во Косово во состав на рускиот воен контингент.

Прочитај повеќе

„Зелените беретки“ за првпат во својата историја примија жена

Слободен печат

Царовска: Владата обезбеди поддршка за амортизација на загубите на 22 илјади компании

Слободен печат

Од вкупниот број на склучени договори со ЈП ПОЦ, 15 проценти се издадени по електронски пат

Слободен печат

Две милијарди евра за патна инфраструктура најави Спасовски

Слободен печат

Колев од Штип: ГДУ предлага нов модел на фискална децентрализација

Слободен печат

Чулев: МВР презема мерки за расчистување на кривично дело поткуп при избори и гласање

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Анкета: Медиумските работници со плата далеку под просекот

Слободен печат

Меркел: После оваа криза, картите сигурно повторно ќе бидат измешани

Слободен печат

Дрекслмајер: Тројцата заразени работници од Ковид-19 не се поврзани меѓу себе

Слободен печат

Бајден: Трамп се грижи само за берзите додека економијата „тоне“

Слободен печат

На скопскиот аеродром приведен гостиварец за закани упатени кон владин функционер

Слободен печат

Глобалната понуда на нафта на најниско ниво за десет години

Слободен печат