Спасовски: Ние сме народ со трпение, но нема да дозволиме некој да дојде и да нѐ понижува

Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Државата ќе ги преземе сите законски надлежности за да осигура дека на 4 февруари сите кои ќе дојдат во Скопје во црквата „Сверти Спас“ мирно и достоинствено ќе го чествуваат роденденот на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев, уверува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во разговор за „Утрински печат“. Уште повеќе, Спасовски уверува и дека полицијата нема да дозволи на денот да се случи навредување и понижување на македонскиот народ и држава од кој било.

Во врска со барањето од Советот за безбедност на бугарскиот радикал и европратеник Ангел Џамбаски да му се забрани влез во државата, Спасовски повтори дека одлуката за тоа ќе се донесе дента на 4 февруари, односно нема однапред да каже што ќе се случи.

– Разговаравме за ова во Советот за безбедност и на седница на Владата и се донесоа одредени заклучоци. МВР е задолжено за јавниот ред и мир и за безбедноста и во тој дел македонската полиција и безбедносните служби ги превземаат сите мерки кои првенствено ќе го сочуваат јавнот ред и мир и безбедноста на граѓаните. Сѐ што е во законска надлежност да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир, особено во поголем обем, ќе биде преземено, за да имаме достоинствено чествување. Тоа е многу важно. Јас сум уверен дека македонските граѓани посакуваат достоинствено чествување – вели министерот Спасовски.

За најавите дека ќе се блокираат патишта за да се спречат бугарски провокатори да дојдат во Скопје или дека ќе се организираат стражи пред гробот на Гоце Делчев, Спасовски вели дека нема потреба.

– Нема никаква потреба од организирање на граѓаните, блокади, ноќни стражи и друго, тука се институциите. Апсолутно нема да се дозволи, во никој случај, понижување на македонсите граѓани и народ, најмалку од некој од надвор. Ние сме народ со трпение, знае да укажеме чест и почит и таа чест и почит мора да биде возвратена, нема да дозволиме некој да дојде и да нѐ понижува. Институциите ги превзеаат сите мерки за ова очекување на граѓаните да биде реализирано – вели министерот за внатрешни работи.

Тој вели дека има тензија, дека се политизира целиот процес на нашето пристапување кон ЕУ и дека има прогресовни сили кои сакаат што побрзо да дојде до европската интеграција и ретроградни сили кои мислат само на својот рејтинг и ја користат секоја можност за да дојдат на власт без разлика дали ќе решат некое прашање, што е неодговорна политика.

– Во полтиката мора да се има визија и јасна цел и врз основа на тоа да се дејствува. Прва и основна задача е да немаме никаков конфликт меѓу граѓаните што ќе учествуваат на чествувањето, дали се од внатре и од надвор или меѓу две групи од Македонија и тоа ќе го направиме. А уште полшо би било да има дејствување на македонската полиција на гробот. Не е достоинствено да има конфликт при чествањето на еден македонски револуционер и великан и ќе направиме сѐ тоа да биде мирно и достоинствено, за секој што ќе дојде да искаже почит. Тоа ќе биде наша задача. Да направиме сѐ да помине во најдобар ред и да немаме никаква реакција од македонската полиција. Никој во полицијата не сака да се создаде атмосфера во која ќе мора да се преземат мерки и активности, но нема да се дозовли нарушување на јавниот ред и мир или загрозување на кој било, а верувам и во граѓаните дека нема да дозволат тоа да се случи. Апелирам до политичките експоненти кои излегуваат по телевизии и повикуваат за патриотизам, заштита, сетете се на 27 април. Ги поивикуваа, ги повикуваа, луѓе влегоа во Собранието, рушеа уставен поредок, па тие кои повикуваа се повлекоа, а тие кои влегоа завршија во затвор. Да не им веруваат многу граѓаните на оние кои повикуват на патриотизам, оти тие ќе се повлечат ако видат лична опасност – рече Спасовки.

Во врска со мерките што е се преземаат на граничниот премин и бројноста на бугарските граѓани кои се очекуваат, Спасовки вели дека не се очекуваат многу.

– Нема да биде многу голем бројот на оние кои ќе дојдат, граѓаните не се расположени за конфликти. Правиме анализа и за бројноста и на луѓето од тука и на основа на тие податоци ќе правиме планови како ќе посташува полцијата. За Џамбаски ќе ја носиме одлуката кога ќе дојде моментот. Одлуките не се прејудицираат, особено не во безбедноста. Не смееме да ги прејудицираме одлукикте, да ги кажеме плановите и така да се отвориме во јавноста, тоа може да го праватт неодговорни политичарти кои сакаат да поставуваат сензации. Институциите ќе работат одговорнос, со сите вклуени сектори за да се псотигне крајната цел за мирно чествување – вели министерот за полиција.

Тој додава и дека самиот факт што бугарската држава го организирала и ги предала моштите на Гоце Делчев на Македонија покажува дека и во тоа време имало соработка и имало и согласност за тоа.

– Ако ги погледнете извештаите ќе видите дека тоа било настан од историско значење. Тоа не се прави на сила, тоа се прави со согласност, врз основа на историски факти и ние треба да ги почитуваме тие факти. Бугарија треба да го почитува тоа и сигурен сим дека голем број на бугарски граѓани го почитуваат тоа. Нормално е граѓани да одат во други држави да чествуваат, но тоа треба да се прави со почит кон граѓаните и државата каде што се оди – заклучува Спасовски во врска со настанот кој Советот за безбедност го процени како настан од висок безбедносен ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот