Спалети индиректно му одговори на Елмас: И резервите на Наполи се важни

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Екипата на Наполи во еден драматичен натпревар во најсилното италијанско првенство успеа да ја совлада Болоња со 3:2.

И на овој меч македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не беше стартер, овој доби 20 минути од неговиот тренер Лучано Спалети.

Стратегот на клубот реагираше на претходната изјава на нашиот фудбалски „дијамант“ кој преку социјалните мрежи пред овој дуел објави „клупата е моја прв љубов“ сметајќи дека нема доволно минутажа оваа сезона.

– Фудбалерите од клупата во второто полувреме се покажаа како клучни во триумфот над Болоња, и повторно тие го сменија резултатот. Ова значи дека играчот како резерва може да има поважна улога, отколку да си во првите 11. Несомнено сите се вклучени во проектот на Наполи – рече Спалети.

Моментно на табелата во Серија А „наполитанците“ се на првото место со 26 бодови. Следниот меч во шампионатот ќе го имаат на 23 октомври на „Олимпико“ стадионот во Рим против Рома.

ФОТО | Елмас не е задоволен во Наполи, со последната објава го „пецна“ Спалети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот