Совршен за по празничното прејадување: Со овој чај ќе ослабнете и ќе го стопите салото

Фото: Профимедиа

Жолтиот чај, иако посебен, тесно е поврзан со зелениот чај, бидејќи станува збор за иста билка – Camelia Sinensis.

Жолтиот чај како и зелениот, содржи кофеин, па не треба да се претерува со количините. Исто така, не се препорачува да се пие пред спиење.

Добар е за здравјето и помага при слабеење

Жолтиот чај е најпознат како добар начин за слабеење. Тајната на оваа напивка е во ензимот кој изобилува со полифенилот epigalokatehin galata (EGCG). Тој ја стимулира оксидација на мастите, односно го поттикнува согорувањето на вишокот маснотии и ја зголемува потрошувачката на енергија. Во некои случаи, консумирањето на жолт чај со умерена исхрана може да помогне да се намалат и до пет килограми за еден месец.

Во нормални количини тој дејствува на здравјето на срцето и крвниот систем, го нормализира притисокот и ја зголемува енергијата. Секојдневното консумирање на шолја жолт чај е идеална за здравјето. Ќе ги смири болките, нервите и ќе ја зголеми концентрацијата. Го чува здравјето на усната празнина, бидејќи го спречува крвавењето на непцата, а со тоа и испаѓањето на забите.

Како се приготвува жолтиот чај?

Методот речиси е ист како и кај приготвувањето на зелениот чај, што значи дека со малку поладна вода. Водата треба да се загрее до 165 Целзиусови степени и потоа да се остави малку да се излади. Во шолјата се става лажичка од чајот и се прелева со вода. Се остава да стои три минути поклопен, па се пие.

Жолтиот лековит чај помага и кај дигестивниот тракт и ја олеснува столицата. Меѓутоа, тој како и другите слично на него чаеви, не е маѓична напивка за слабеење. Полниот ефект се постигнува само со редовно консумирање подолг временски период, а за резултатите да бидат повидливи, потребно е да се внимава на исхраната и секојдневно да практикувате физичка активност – печашење, вежбање…

Напомена: Овој пијалак сепак, не треба претерано да го пиете, оптимално е дневно да испиете 2-3 шолји чај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот