Совети за безбедно патување во услови на епидемија од коронавирусот

И маските помагаат во намалување на ризиците, но сепак, не може потполно да ја спречат заразата.

Во услови на епидемија од коронавирусот здравствените работници даваат препораки како побезбедно да се патува. Сепак мора да се напомене дека ризикот од заразување е низок во Европа и Соединетите Американски Држави.

За коронавирусот се уште не се знае многу. Се уште се испитува и како точно се пренесува вирусот, но е познато дека може да се пренесе од човек на човек.

Засега инструкциите се речиси исти како и за заштита од која било друга зараза, како што е грипот.

Според експертите, миењето на рацете е клучно. Претставниците на Светската здравствена организација рекоа дека е прерано епидемијата да се прогласи за меѓународна вонредна ситуација. Тие препорачуваат да се мијат рацете поради превенција, но беа критикувани на социјалните мрежи.

Поранешниот директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Роберт Емлер вели дека токму миењето на рацете е еден од најдобрите начини за да се избегне инфекција.

-Рацете често пренесуваат болести, вели Емлер.

Доколку сте сами и нема никој околу вас миењето на раце веројатно е доволно добро. Но, доколку имате деца или болни луѓе и се грижете за нив, мијте ги рацете што е можно почесто.

Емлер вели дека средствата за дезинфекција се добри, особено ако имаат алкохол во себе, но миењето на рацете со силно физичко триење може многу повеќе да помогне.

И маските помагаат во намалување на ризиците, но сепак, не може потполно да ја спречат заразата.

-Маската ќе служи како заштита ако добро се намести. Ако се носи подолго време станува лабава. Таа нема да спречи баш секоја бактерија да влезе во вашата уста или нос, но за краток временски период ќе помогне. Некои маски – како хируршките – овозможуваат низ нив да помине повеќе воздух. Индустриската маска Н-95 е многу поефикасна зашто е направена да спречи 95 отсто од честичките, вели Емлер.

Меѓутоа, ваквите маски, кои често се користат во индустријата и градежништвото се неудобни за носење и го отежнуваат дишењето.

На аеродромите во земјите кои се погодени од новиот вирус поставени се термални камери, па шансите се мали патникот до вас да биде заразен. Меѓутоа, голем дел од експертите предупредуваат дека термалните камери не можат да ги откријат оние преносители на вирусот кои во моментот немаат повишена телесна температура. Од друга страна, доколку некој е настинат или пак, го има вирусот може едноставно да се напие апче за намалување на телесната температура, па да помине незабележан на термалната камера.

Затоа не е лошо да си носите ќебиња и перници, бидејќи тие во авионите стојат долго време и иако е малку веројатно дека тие предмети би биле заразни, невозможно е да се знае со сигурност. Емлер советува дека најдобро со себе да си носите сопствени перница и ќебе.

-Поголемиот дел од истражувањата во авионите покажуваат дека џеповите на задниот дел од седиштето пренесуваат бактерии од други патници. Оние кои се особено загрижени или имаат проблем со имунитетот треба да останат дома или да понесат дезинфекциско марамче за да ја избршат површината кога седнуваат на своето место, вели Емлер.

Советува и дека во градскиот превоз најдобро е да носите ракавици.

-Кога патувате со јавен превоз се наоѓате во затворено, допирате површини кои пред вас ги допреле голем број луѓе. Носењето ракавици е добра идеја, вели Емлер.

Според него, сите совети и препораки ќе помогнат не само да се намали ризикот од зараза, туку и од грипот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот