Состанок на безбедносниот одбор на ЕМА: Вакцината на „АстраЗенека“ на дневен ред

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нејзиниот безбедносен одбор ќе свика состанок на експерти на 29 март за да продолжи да ги испитува и проценува пријавените случаи на згрутчување на крвта поврзани со вакцината против ковид-19 развиена од „АстраЗенека“ и Оксфордскиот универзитет.

– Се очекува надворешни медицински експерти и двајца јавни претставници да ги презентираат своите ставови за можните причини за згрутчување на крвта, како се појавуваат и други можни ризици, соопшти Европската агенција за лекови.

ЕМА веќе се изјасни за поддршка на безбедноста на вакцината на „АстраЗенека“, но некои земји спроведуваат и сопствени испитувања, пишува весникот „Гардијан”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот