Сообраќајка која ја потресе Хрватска, со автомобил влезе во куќа (ФОТО)

Полицијата ги објави деталите од тешката сообраќајна несреќа во Нова Градишка во која автомобил проби ѕид од куќа и заврши внатре, а возачот загина.

Несреќата се случила синоќа околу 21 часот на раскрсницата на улиците Славча и Људевит Гај.

Полициските службеници со увид утврдија дека до сообраќајната несреќа дошло кога 40-годишниот возач, управувајќи го сопственото возило, поради неприлагодена брзина, поминал покрај видно поставениот знак „Стоп- задолжително запирање“ па потоа низ раскрсницата, слетал од колникот и удрил во ѕидот на семејна куќа, сопственост на 61-годишник, објаснуваат од  бродско-посавската полиција.

Од силината на ударот возилото го пробило ѕидот на семејната куќа и завршил во внатрешноста на домот. Во таа прилика во споменатата куќа немало луѓе. Возачот на автомобилот смртно настрадал на самото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот