Софтвер – првиот извозен адут на Србија

Unsplash
Програмерите и натаму „водат“ со висината на платите/ фото: ЕПА

Првиот извозен производ на Србија веќе не се малините, туку софтверот, кој годишно расте со стапка од 40 проценти. Бројот на вработени во ИКТ секторот е шест пати поголем и вклучува не само програмери, туку и професии како економисти и психолози, подвлекува Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија (ПКС), нагласувајќи дека дигитализацијата е веќе тука, дека тоа е неизбежно, како и дека нема компанија или личност во светот на бизнисот што не користи дигитални алатки, вештачка интелигенција и други предности на технолошката револуција, пишува Политика.

Дигитализацијата, според Чадеж, го брише јазот меѓу градското и руралното, што најдобро говори податокот дека 300.000 регистрирани фарми и земјоделци ја користат дигиталната база на податоци е-аграр, што е и најпребаруваниот збор на Интернет во Србија годинава. Под влијание на современите технологии, деловното опкружување радикално се промени, како и структурата на економијата во Србија, додека дигитализацијата го брише јазот меѓу урбаните и руралните области, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот