Собранието ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими

Собранието на Република Северна Македонија на денешната втора седница ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими, по што претседателот Талат Џаферија ја прекина седницата, се додека не го добијат потребниот извештај од ДИК.

Џафери бил известен дека Бесими нема да ја образложи неговата оставка, а бидејќи беше избран за пратеник од листата на кандидати од ДУИ потребно е ДИК да го извести Собранието за следниот кандидат од оваа листа на кој треба да му се верификува пратеничкиот мандат.

Инаку, Фљорин Бесими е брат на Фатмир Бесими од ДУИ кој треба да биде предложен за министер за финансии. Фљорин Тој уште пред неколку дена преку соопштение најави повлекување од пратеничката функција, по реакцијата на Антикорупциската комисија.

Се очекува денеска да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Заев најави дека ќе ги предложи за составот на новата Влада. Покрај Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот