Соборен 27 години стар светски рекорд во сала

epa09034269 Grant Holloway of the USA reacts after beating the world's record in the 60 meters hurdles trial of the Villa de Madrid International Athletic Competition of in Madrid, Spain, 24 February 2021, in the framework of the World Athletics Indoor Tour Gold. EPA-EFE/Kiko Huesca

Американскиот спринтер Грент Холовеј е нов светски рекордер на 60 метри со пречки. Холовеј рекордното постигнување од 7.29 секунди го оствари на митингот во Мадрид и за една стотинка го подобри светскиот рекорд кој дури 27 години беше во сопственост на Британецот Колин Џексон.

Холовеј со овој резултат за три стотинки го подобри својот личен рекорд од 7.32 секунди кој го постави на почетокот од месецов во Лиевен.
Во Мадрид дојде до конфузија бидејќи првично на беше објавено дека времето на Холовеј изнесува 7.32 секунди, но по неколку моменти беше поправено на 7.29 секунди, што е време на нов светски рекорд.

Грент Холовеј има 23. години и е светски шампион во дисциплината 110 метри со пречки од СП во Доха 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот