Со живот го платија патот кон подобра иднина: Меѓу жртвите во „камионот на смртта“ имало десет тинејџери

фото: Принтскрин

Како што вчера објавија властите во Англија, познат е идентитетот на сите 39 жртви со потекло од Виетнам кои загинаа во приколка-ладилник, а беа пронајдени во местото Есекс. Меѓу нив има и десет тинејџери, вклучувајќи и две 15-годишни момчиња, пренесе Би-Би-Си.

Нивните тела беа пронајдени во приколка во индустрискиот парк Грејс на 23 октомври. Асистентот на првиот човек на полицијата Тим Смит изјави дека процесот на индентификација на жртвите бил со огромно значење.

– Нашиот тим напорно работеше за да обезбеди одговори за загрижените семејства кои стравуваа дека нивните најблиски би можеле да бидат меѓу оние луѓе чие патешествие заврши на нашиот брег – рече Смит.

Тој додаде дека прироритет на полицијата било да се идентификуваат жртвите, да се зачува достоинството на оние кои починале и да се даде поддршка за семејствата и пријателите на жртвите.

Телата беа пронадени на индиустрискиот имот Вотерглејд во контејнер кој бил испратен кон пристаништетот Пурфлит од Зебриж во Белгија.

Возачот на камионот Морис Робинсон, од Северна Ирска, се соочи со повеќе обвиненија, вклучувајќи и 39 за убиство.

Процесот за екстрадиција започна и за 22-годишниот Имон Харисон, кој беше уапсен во Даблин по европски налог.

Полицијата се уште трага по двајца браќа од Северна Ирска, Ронан и Кристофер Хјуз, кои се барани дека учествувале во криминалниот процес и се осомничени за убиство и трговија со луѓе.

Исто така, уапсени беа 11 луѓе во две провинции во Виетнам поради поврзаност со смртта на 39-те луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот