Со намирници од кујната заштитете се од комарците

profimedia

Тешко е во ова време на годината да се одбраниме од здодевните комарци, но постои начин како да го ублажите чешањето и црвенилото.

Вистинско решение во тој миг е мразот.

На местото каде инсектот ве „грицнал“ ставете коцка – две мраз зашто студената облога ќе го „замрзне“ нервот, а со тоа чешањето и пецкањето ќе се смират.

Ако комарецот ве убоде дома, веднаш истријте го тоа место со малку мед или со лимон и болката ќе исчезне.

Сода бикарбоната помага и во овој случај зашто содржи алкална компонента. Можете да ставите и малку паста за заби, затоа што таа ја лади кожата, а со тоа го намалува чешањето.

Босилекот е исто така од голема помош, со оглед на тоа дека содржи тимол и камфор кои го смируваат пецкањето. Лист од оваа ароматична билка ставете директно на убодот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот