Со камион полн марихуана со 400 денари сакал да поткупи полицајци

Полиција / Фото: МВР

Албански државјанин се обидел да ги поткупи полициските службеници кои го сопреле при сообраќајна контрола на патниот правец Прилеп-Градско. Во документите што ги приложувал на полицијата, 40-годишниот возач на камионот ставил и 400 денари за да не го претресуваат возилото во кое превезувал голема количина марихуана.

„Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него. При извршен преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – марихуана, во количина од 48,063 кг спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски пакувања“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Прилеп го гони за две кривични дела – давање поткуп и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и сусптанции. Основниот суд Прилеп го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомниченото лице со решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот