СНЕГ ВО ХРВАТСКА: Побелеа планините во Далмација

Фото: Принтскрин/Dalmacija Danas

Во последните 24 часа во многу делови на Далмација паднаа големи количини на дожд, а на планините повисоки од 1.500 метри паѓаше и снег, пренесе српски „Блиц“.

Снег и мраз имаше на највисоките врвови во Далмација, на Динара и Велебит.

Вечерва и утрово снег повремено паѓаше и во повисоките делови на Динара и Камешница, а на динарскиот врв Велика Дувњакуша температурата беше под нулата, со повремено провејување на снег.

Во Конавле паднаа 70 литри дожд на квадратен метар, а во Каштела во близина на Сплит повеќе од 40 литри, јавија хрватските медиуми.

Утре попладне се очекува намалување на врнежите од дожд и снег, а нови стигнуваат во вторник.

За време на викендот температурите на воздухот паднаа во однос на минатите денови, а најголем пад е забележан на планините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот