Смртниот биланс од ковид-19 во Индија надмина 250 илјади луѓе

EPA-EFE/RAJAT GUPTA

 Бројот на починати од коронавирус во Индија ја надмина границата од 250.000, покажуваат официјалните податоци. Пандемијата продолжува да беснее во огромната земја со население од 1,3 милијарди луѓе.

Според индиското Министерство за здравство, во последните 24 часа починале 4.205 лица, со што вкупниот број е 254.197. Бројот на заразени е зголемен за речиси 350.000, со што вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на пандемијата во таа земја изнесува 23,3 милиони.

Многу експерти се сомневаат дека реалните бројки се многу поголеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот