Смирен е пожарот во Карбинци, штетите се големи

фото МИА

Во атарот на Карбинци утринава сè уште на одредени локации чади, но пожарот е под контрола и засега нема опасност повторно да се активира. Вчера доцна попладнето огнените јазици поради силниот ветар косеа се пред себе.

Штетите се големи, семејството кое беше евакуирано од викенд куќата изгуби се во пожарот, покуќнина, како и малиот бизнис со одгледување на ретки билки, вели градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев.

– Разговараме со семејството тие заминуваат за Скопје, каде што и живеат, денеска комуналното претпријатие ќе ги расчисти остатоците од изгорената викенд куќа. Штета имаме на електричните кабли кај препумпната станица за село Таринци. Проблеми со водоснабдувањето на ова село немаме, бидејќи систем е преориентиран од друг извор, вели тој.

Според мештаните и сопствениците викенд куќите, кои изгореа и беа во опасност пожарот почнал во близина на трафостаницата. Полициски службеници излегле на терен, а треба да утврдат дали пожарот е предизвикан од запалено стрниште или од како што велат очевидците од дотраена електрична мрежа и паднати електрични столбови. Градоначалникот на Карбинци, Насев вели дека истражните органи треба да истражат до крај, а како локална власт денеска до ЕВН ќе испратат и писмо, во кое ќе бараат да се санираат електричните столбови во селата Оџалија, Парналија и Припечани, каде што има паднати столбови и се опасност не само за предизвикување на пожари, туку и за месното население. Во Општина Карбинци пред 15 дена изгореа жито, повеќегодишни овошни насади и лозја, до општинската Комисија штета пријавиле 70 земјоделци, а изгорени се над 200 хектари со различни култури и насади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот