СМЕНА НА ВРВОТ: Американците ги надминаа Швајцарците и се најбогата нација во светот

Американците сега се најбогата нација во светот, ги надминаа Швајцарците, додека богатството постепено се „топи” во остатокот од светот, како резултат на настаните околу Брегзит и трговската војна САД-Кина, покажува најновата студија на „Глобален извештај за богатството” на германската осигурителна компанија Алианц.

Според студијата, просечното нето финансиски имот на луѓето кои живеат во САД е 184.411 евра (203,128 американски долари) по глава на жител, наспроти 173.838 евра колку што е приватното богатство на Швајцарец.

Тие податоци се за 2018 година.

Подемот на САД на врвот на листата на најбогати нации во голема мера се должи на силата на доларот, како и на американските домаќинства, кои се главните двигатели на растот на глобалниот проток на средства, бидејќи две третини од сите заштеди во индустријализираните земји доаѓаат од САД, соопшти осигурителната компанија.

Прочитајте и...  Се забели регионот, во БиХ вистинска снежна идила (ФОТО+ВИДЕО)

Во извештајот се наведува и дека новото штедење означи глобален рекорд бидејќи се искачи за 22 проценти на повеќе од 2.700 милијарди евра. Ова се припишува на минатогодишната даночна реформа во САД, според која американските граѓани ги зголемуваат новите заштеди за 46 проценти.

Иако САД го зазедоа првото место во извештајот, Швајцарија е се уште на врвот во однос на бруто-финансиските средства по глава на жител, со бројка од 266,318 евра во однос на 227,364 евра колку е за САД.

Сепак, нивото на долг во Швајцарија е далеку повисоко отколку во САД заради бројот на хипотеки. И Швајцарија и САД се далеку пред треторангираниот Сингапур, каде што вкупното нето финансиско богатство по глава на жител е само 100.370 долари.

Прочитајте и...  „Бела ноќ“ вечерва на 10 локации во Скопје

Прочитај повеќе

Дали за падот на украинскиот авион е виновен диспечерскиот центар?

Слободен печат

Италијанското обвинителство осомничи 237 лица за шверцање на дрога, од нив 117 Албанци

Слободен печат

Хоти за апсењето на Харадинај и Гуцати: Правдата е над сѐ

Слободен печат

Десетина демонстрантки уапсени на протестите во Минск (ФОТО)

Слободен печат

Нова снимка од инцидентот со полицијата во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Лекарите веќе ни од колегите не се безбедни: Во Куманово доктор нападнал колега, тој избегал низ прозор

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Филипче: Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19

Слободен печат

Ким Џонг-ун често знае да биде суров: Еве што сѐ е казниво со смрт во Северна Кореја

Слободен печат

Моментот на ужасот: Се појави снимка од падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

Слободен печат

Што може да научи Европа од шведската стратегија против коронавирусот?

Слободен печат

Лондонската полиција ги растури демонстрациите против вонредните мерки заради коронавирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Слободен печат