Словенечката амбасада и приватна фирма донираа креветчиња и душеци во прилепска градинка

Фото: МИА / илустрација

Компанијата „КБ пензиско друштво“ во соработка со Словенечката амбасада денеска во прилепската градинка „Гоце Делчев” донираа 10 креветчиња, 10 транспортни креветчиња, играчки, душеци и бебешки постелнини.

Амбасадорот на Словенија во земјава, Милан Предан, рече дека веднаш реагирале кога го добиле барањето од градинката.

– До нашата Амбасада имаше барање од градинката, со убав цртеж од децата за донација. Веднаш контактиравме словенечки компании и задоволни сме што КБ пензионерско друштво веднаш ја прифатија нашата иницијатива. Благодарни сме за нивната одлука што придонесува за подобар стандард на децата во оваа градинка, рече амбасадорот Предан.

Весна Стојаноска, директорка на „КБ пензиско друштво“, изрази задоволство од среќните лица во градинката.

-Тие насмевки посебно зрачат во овој период пред Нова Година. Како општествено одговорна компанија ја видовме потребата, се јавивме на иницијативата на словенечката амбасада и сакавме да направиме нешто дополнително за заедницата, изјави Стојаноска.

Христина Трпческа, директорка на Јавната установа „Наша иднина” на прилепските градинки беше посебно среќна што, како што рече, „со напорите на вработените има можност да се подобрат условите“.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески упати благодарност до Амбасадата и до компанијата. Од прилепските градинки упатија и апел овој пример да го следат сите општествено одговорни компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот