Словенците ќе се вакцинираат само со вакцини на Фајзер и на Модерна

Вакцина „Модерна“ / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Во иднина, имунизацијата на населението против Ковид-19 во Словенија ќе се извршува со mRNA вакцини (Фајзер/Бионтех и со Модерна), а со векторска (Астра Зенека и Џонсон и Џонсон) само во исклучителни случаи, односно по лично барање, потврди  министерот за здравство на таа држава Јанез Поклукар.

Ова го препорачаа група медицински експерти откако девојка неодамна почина помалку од две недели по вакцинација со Џoнсон и Џoнсон.

Поклукар на прес -конференција рече дека векторските вакцини ќе бидат достапни само за лица кои имаат контраиндикација за вакцинација со mRNA вакцини или на експлицитна желба да добијат доза од векторската вакцина.

Експертите, исто така, и сугерираа на владата да користи вакцина „Фајзер” за млади под 30-годишна возраст, поради новите податоци за ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул по примањето вакцина на Модерна.

Поклукар рече дека половина од Словенците се вакцинирани со mRNA, а другите половина со векторски вакцини. Вкупно 49,5 проценти од населението е вакцинирано.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот