СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДОЗНАВА: „Бомбашот“ од Будимпешта е скопски таксист - Слободен печат
ВестиМакедонија

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДОЗНАВА: „Бомбашот“ од Будимпешта е скопски таксист

Вчера беше објавен снимен разговор во кој учествува пратеникот Павле Богоевски.

„Бомбата“ што пукна во Будимпешта, а се однесува на пратеникот Павле Богоевски е всушност тонска снимка од телефонски разговор што се водел во такси возило во Скопје, неофицијално дознава „Слободен печат“.

Разговорот се случил пред три или четири месеци, а со телефонот го снимил тајно и спротивно на законот таксистот кој го возел Богоевски додека тој зборувал на телефон. Поради тоа и во разговорот се слуша само гласот на Богоевски, а не и на соговорникот.

Иако оваа снимка постоела повеќе месеци, беше објавена вчера кога пратеникот, кој е и претседател на собраниската Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, најави дека ќе ја почне постапката за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, поради тоа што од собраниската работа е неоправдано отсутен шест месеци, што се толкува и како политичка порака.

Инаку Богоевски на Фејсбук објасни за што се водел снимениот разговорот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close