Сливите се суперздрави, но кои луѓе треба да ги јадат во мали количества?

Фото: Flickr

По­сто­јат над 2.000 ви­до­ви сли­ви на­ста­на­ти со вкр­сту­ва­ње, со раз­лич­ни големини, вку­со­ви и со раз­ни бои и ни­јан­си од си­на, зе­ле­на, бе­ла, жол­та, црвена до пор­то­ка­ло­ва.

Освен спе­ци­фич­ни­от вкус, сли­ва­та со­др­жи и број­ни ле­ко­ви­ти својс­тва кои на­о­ѓа­ат при­ме­на кај гихт, болести на цр­ни­от дроб и по­ја­ва на ревма. Сливата, исто та­ка, по­вол­но дејс­тву­ва и на ди­ге­стив­ни­от тракт, односно по­ма­га во ра­бо­те­ње­то на ор­га­ни­те за ва­ре­ње, ре­гу­ли­рај­ќи ја функ­ци­ја­та на цре­ва­та.

Ова дра­го­це­но овош­је е бо­га­то со ви­та­ми­ни и со ми­не­ра­ли, а осо­бе­но со ви­та­ми­ните А и Ц, рибофлавин, кал­ци­ум и маг­не­зи­ум. Сли­ва­та има медицинско зна­че­ње бла­го­да­ре­ние на сво­е­то умерено и природно лаксативно дејс­тво, кое мо­же да се иско­ри­сти кај слу­ча­и­те на за­пек, особено кај малите де­ца и кај ста­ри­те лу­ѓе. Освен тоа, истра­жу­ва­ња­та по­вр­за­ни со антиоксидативните и со антиканцерогените својс­тва на овош­јето, покажале де­ка су­ви­те сли­ви се ме­ѓу нај­бо­га­ти­те пло­до­ви, не са­мо ме­ѓу овош­је­то, туку и ме­ѓу зе­лен­чу­кот со та­кви својс­тва.

Сливите ги чи­стат крв­ни­те са­до­ви од мас­ни нас­ла­ги и дејс­тву­ва­ат ка­ко мо­ќен ан­ти­о­кси­дант во борбата про­тив сло­бод­ни­те ра­ди­ка­ли. Антоцијаните – кои всушност се црвеникаво-синиот пигмент во сливите – можат да помогнат во отстранувањето на штетните слободни радикали. Ова, пак, го штити вашето тело од рак и оштетување на клетките.

Витаминот Ц кој се наоѓа во сливите му помага на вашето тело да изгради мускули, да формира крвни садови, да се опорави, а исто така е корисен и за вашите очи. Според една студија од 2010 година, учесниците кои пиеле сок од сливи и јаделе сливи имале понизок крвен притисок од контролната група која не консумирала сливи.

Све­жи­те и су­ше­ни­те сли­ви, ка­ко и ком­по­тот од сли­ви можат да се користат како диуретик.

Ли­ца­та што има­ат проб­ле­ми со бу­бре­зи­те или има­ат бол­ки во жолч­ка­та, тре­ба да кон­су­ми­ра­ат сли­ви во ма­ли количества.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот