Следниот натпревар Елмас и Наполи ќе го имаат во мај?

фото: твитер

Како што пренесуваат италијанските медиуми, можно е фудбалот во Италија да се врати со реванш полуфиналните натпревари од Купот.

Полуфиналните куп мечеви би се играле на 27 и 28 мај, а неколку дена подоцна ќе продолжи и сезоната во првенството, односно Серија А.

Предлогот првпат се појави синоќа по серија состаноци помеѓу различните страни вклучени во организирањето на спортот.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, можно е фудбалот во Италија да се врати со реванш полуфиналните натпревари од Купот.

Очекуваат дека ќе се олесни карантинот на 4 мај и воедно веруваат дека ќе продолжат тренинзите, а италијанската фудбалска федерација за екипите подготвува протокол за земање брис и крвни тестови еднаш неделно.

Веќе се одиграни првите натпревари од полуфиналето во Купот на Италија: Интер-Наполи 0:1 и Милан-Јувентус 1:1. Исто така планирано е Серија А да заврши во краток рок, најдоцна до почетокот на август, а мечевите би се играле секои три дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот