Скулптури од отпад од оружје од Првата светска војна

Во Културно-информативниот центар вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „100 години потоа“ – скулптури и слики од Златко Бојковски. Ќе бидат претставени 25 скулптури изработени од метал најден на планината Кајмакчалан од Првата светска војна (шлемови, бомби, куршуми, пушки…), кои уметникот ги создал во последните две години.

– Уметникот конструира композиција исполнета со метални врски, спојки, алки, кои како да зависат една од друга. Користејќи отпад, но специфично за него, користи остатоци од шрапнели, метални остатоци од гранати, отпад од оружје од Првата светска војна тој создава нови форми. Материјалот е робустен, користи железо, калај, лиен алуминиум, некогаш тоа се цели (железни) предмети, шлемови, пиштоли и друго и ги вградува во негова нова форма, наведува Дијана Томиќ-Радевска во каталогот за изложбата која ќе може да се посети до 16 април.

Покрај скулптурите, изложбата ќе прикаже и десет слики работени во техника акрилик на платно, создадени, исто така, во изминатите две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот