Скопска Апелација одлучи: Камчев останува во притвор

Орце Камчев / Фото: Слободен печат/Горан Наумовски

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор, откако Апелацискиот суд му ја одби поднесената жалба за замена на затворскиот со домашен притвор.

Камчев неколку пати бараше да му биде укинат притворот, за што нудеше и милионска гаранција. Но, засега останува во истражниот затвор „Скопје”, во кој влезе пред шест месеци. Ваквата одлука е донесена на 8 октомври, по барање на Обвинителството да се продолжи неговиот притвор за уште 30 дена.

Притворот му е одреден за случајот „Плацевите на Водно”.

За овој случај обвинети се поранешниот премиерот Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра, а со нив си купил имот.

Камчев останува во притвор, судот ја одби понудената гаранција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот