Скопје идната недела ќе се украси за Нова година

скопје нова година
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На 10 декември ќе започне да се украсува Скопје за Нова година. На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како што информираат од Град Скопје, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат.

-Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова година без финансиски импликации по градот – изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата „Линк Медиа“.

Град Скопје и „Линк Медиа“ спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во месец октомври оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот