Скокна биткоинот на највисоко ниво од почетокот на 2018 година

Биткоин / Фото: Архива

Најважната криптовалута биткоинот порасна над нивото од 15.000 долари, што е негово највисоко ниво од јануари 2018 година.

Станува збор за дневен скок од речиси 9 отсто, на 15.223 долари, за што аналитичарите сметаат дека е последица на неизвесноста околу американските избори.

„Создавањето на биткоинот делумно беше поради стравовите дека зголемениот фискален поттик ги девалвира валутите на глобално ниво“, рече Симон Петерс, аналитичар за криптоасетс на инвестициската платформа еТоро.

Додаде дека како резултат на тоа, кога централните банки ќе најават крупни планови за вбризгување на пари во економиите, многу вложувачи во крипто заедницата тоа го сфаќаат како главен сигнал за купување на биткоини.

Инвеститорите ги чекаат најновите објави за монетарната политика на Федералните резерви, при што Федералните резерви на САД се очекува да ги задржат каматните стапки во текот на ноќта близу до нула и да ја повторат потребата од дополнителен фискален стимул.

Но долготрајната неизвесност околу исходот на американските претседателски избори 2020 значи дека е малку веројатно дека во блиска иднина ќе се договори уште еден пакет за поттикнување на мерките за коронавирус.

„Како што се ближат при крај американските избори, деталите за фискалниот поттик би можеле да станат појасни. Било кој таков пакет би можел да види слабеење на американскиот долар и натамошно зголемување на цените на биткоинот во иднина“, рече Петерс.

Мистериозно префрлени милијарда долари вредни биткоини на денот на изборите во САД

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот