Скандал во УЕФА, Слован исфрлен од ЛШ поради коронавирус кој го нема во екипата

epa07892818 SK Slovan Bratislava's Andraz Sporar (L) celebrates after scoring a goal against SC Braga during their UEFA Europa League soccer match held at Municipal de Braga Stadium, in Braga, Portugal, 03 October 2019. EPA-EFE/HUGO DELGADO

УЕФА се соочува со нов скандал откако донесе одлука словачката екипа Слован Братислава да биде исфрлен од квалификациите за Лигата на шампионите.

Слован беше дисквалификуван во првото коло од квалификациите поради наводно постоење на коронавирус во екипата.

УЕФА со службени за Клаксвик го регистрираше натпреварот од првото коло по што екипата од Фарски острови продолжи понатаму.

Натпреварот требаше да се игра на 19. август, а пред средбата целата словачка екипа беше тестирана на Фарски Острови по што резултатите покажаа дека има еден позитивен случај на коронавирус.
По добивањето на резултатите кои покажаа дека физиотерапевтот е позитивен на ковид-19, властите на Фарски острови наредија екипата на Слован да биде ставена во карантин.

Екипата по враќањето во Словачка, повторно беше тестирана, а резултатот на физиотерапевтот покажа дека тој немал ниту антитела, што значи дека немал ниту коронавирус.

„ Нашите сомнежи на начинот на тесирање на Фарски Острови и на нивните резултати се покажаа оправдани. Резултатите од тестовите кои нашиот физиотерапевт ги направи во овластена лабораторија во Словачка покажаа дека тој нема ниту антитела. Свесни сме дека УЕФА нема да ја промени одлуката по новиот развој на настаните, но моравме да ја објавиме оваа информација. Разочарани и тажни сме што неправедно загубивме шанса да се бориме за Лигата на шампионити, соопшти Слован.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот