Скандал во италијанската одбојка: Клуб тужи одбојкарка која останала бремена и го загубила детето
Спортската јавност е шокирана од случајот на професионалната одбојкарка Лара Лули која настапува за Порденоне. Медиумите случајот на Лара го опишуваат со зборови како „Културолошки скандал“ или „спортските газди заборавија на основните човечки права“.
Одбојкарката која има 41 година останала бремена и побарала да и биде платено за тоа што го заработила додека играла, но клубот ја одбил и поднел тужба против неа и бара отштета.
– Во март 2019 година го известив мојот клуб, Волеј Порденоне, за тоа дека не можам да продолжам да играм таа сезона бидејќи сум бремена. Две години подоцна, откако го загубив детето, јас наместо да добијам пари кои ми следуваа за таа сезона и кои се уште не ми се исплатени, добив тужба. Причината за тужбата е тоа што наводно не сум го испочитувала договорот – вели Лули за „Газета дело Спорт“.
View this post on Instagram
Според одбојкарката, таа е виновна бидејќи премолчала оти има намера да стане мајка.
– Обвинета сум дека промолчив оти имам намера да станам мајка, дека не сум ги одиграла последните два месеци во првенството и тоа додека поминував низ многу тежок период. Но, тоа што највеќе ме погоди е што се сомневаат со мојата сериозност. Знаете, 25 години сум во одбојката, инако не бев во правна смисла на зборот професионалец (Порденоне е второлигаш, а Болдини најголем дел од кариерата помина во аматерски екипи), и сега ме повредуваат со тоа што во јавност изнесуваат интимни и деликатни теми со кои имаат намера дополнително да ме казнат и тоа за нешто што сигурно не сум го заслужила – додава Лули.