СКАНДАЛ: Тренер на фудбалски меч се закани со „сечење на грклан“! (ВИДЕО)

принтскрин/Twitter

Сега веќе традиционално, а скоро секогаш доаѓа до скандал кога Ненад Лалатовиќ им гостува на екипите кои претходно ги водел.

Овој немил настан се случи на натпреварот од српската фудбалска лига помеѓу екипите на домашниот Раднички и Војводина.

Евидентно максимално нерасположен на стадионот „Чаир“, најпрвин во финишот од првото полувреме заработи жолт картон поради вербалниот дуел со домашниот тренер, Милорад Косановиќ.

А во второто полувреме главниот судија Новак Симовиќ мораше да го исклучи тренерот на Војводина. Лалатовиќ влезе во конфликт со навивачите на западната страна на стадионот во Ниш.

Имаше навредливи зборови, а воедно и со раката вознемирувачки гестикулираше со „сечење на грклан“ кон лицето кое беше на трибините. Конечниот резултат на крајот беше 1:2 триумф на Војводина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот