СКАНДАЛ: Дани Алвеш бил измамен од „Старата дама“!

Според Дани Алвеш, Кристијан Ериксен заслужува да ја освои „Златната топка“/Фото: EPA/ANDY RAIN

Во 2016 година го напушти каталонскиот гигант и се пресели во редовите на Јувентус, но само една година подоцна клубот од Торино го замени со францускиот ПСЖ.

Ова лето му истекува договорот и не е познато дали ќе остане во Париз или продолжи на друго место, односно во „лов“ по нови трофеи.

Нема да ја памети по добро годината во дресот на италијанскиот шампион, еве и зошто:

-Беше тоа една незгодна сезона во Италија, во Торино. Се чувствував измамен, бидејќи не го добив тоа што ми беше ветено. А тоа е најлошото чувство кое постои. Направив одредени успеси со Јуве и можеме да прашаме некои луѓе каков е Дани Алвеш како работник, спортист. Не постои ниту една личност која не ме сака. Многу поразлично е со оние кои ме ангажираа таму и што ми рекоа – се зборовите на Бразилецот во разговорот за „ЕСПН“.

Алвеш во таа сезона освои двојна круна со „Старата дама“ и го загуби финалето во Лигата на шампионите.

– Тоа беше моја одлука. Ја почитувам историјата на Јувентус, таму стекнав многу пријатели. Сè се враќа – сè се плаќа. Ме измамија и го напуштив Јувентус – додаде Алвеш кој не објасни подетално кој го измамил, како и поради што.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот