Сите пратеници од мнозинството ќе ги поддржат уставните измени, уверени се во СДСМ

СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

„Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколкупати досега“, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојиз, по обвинувањата за несогласувања и тензии кај владејачкото мнозинство во однос на прашњето за уставните измени.

Според СДСМ, ова се „очајни обиди“ на Мицкоски, кому „погрешната математика и штанцањето нови измислици ќе му се вратат како бумеранг многу бргу“.

„Целата јавност знае дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат на државата, кои не се согласуваат со анти-европскиот став на Мицкоски и се подготвени да ги поддржат сите чекори. На овие пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кариерата на Мицкоски не им е поважна од европската иднина на македонските граѓани. Напротив. Изолиран и во целосно заложништво на Левица Мицкоски го чекаат нови порази“, велат од СДСМ.

Партискиот портпарол, Дарко Каевски, вели дека Мицкоски е под притисок од пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои се за уставни измени.

„Верувам дека кога ќе влезе процесот во Собранието, ќе бидете уверени дека сите пратеници од владејачкото мнозинство, вклучувајќи на голем број пратеници и од опозицијата ќе бидат ЗА со аргументи и ставови за уставните измени, како што кажав и претходно затоа што се важни за европскиот напредок на државата, важни сме затоа што сме ветиле пред граѓаните дека ЕУ е наша децениска аспирација и ние како политичари од оваа генерација сме должни тоа да го оствариме“, вели Каевски.

СДСМ уште еднаш ги повика „сите прогресивни групи и пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“ да се приклучат на процесот за уставни измени, „потребните реформи да бидат усвоени и државата да продолжи по европскиот пат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот