Сите филмски патишта од 5 до 8 август водат на фестивалот на кратки филмови во Галичник

Амфитеатарот „Упија“ во Галичник, на 1.500 метри надморска височина, е локацијата на која од 5 до 8 август се одржуваат филмските проекции под отворено небо во рамките на второто издание на „Галичник филм фестивал“.

Со мото „Сите патишта водат во Галичник“ во фестивалската програма се вклучени 26 филмови од цел свет, во три натпреварувачки категории: игран, документарен и анимиран краткометражен филм, а по проекциите се одржуваат и концерти со филмска музика.

Покрај филмски наслови што учествувале во трката за Оскар, на Санденс, како и на фестивалите во Кан, Венеција, Торонто, Клермон-Феран, Сараево и на ИДФА, во програмата се и македонските филмови „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски и „Кавал“ на Саша Станишиќ.

„Галичник филм фестивал“ е во организација на „Дарма филм“ и Месна заедница Галичник, а поддржан е од Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 92, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 7-8 август 2021)

Видео на денот