Сиромаштијата го зголемува ловокрадството во светот

Во Индија има лов на тигри, а во Африка се зголемува опасноста дека на ризик можат да бидат изложени носорозите и останатите заштитени видови.

Поради кризата со новиот коронавирус може да дојде до зголемување на ловокрадството бидејќи голем број локални средини во светот останаа без приходи. Активистите велат дека природата би можела да биде еден од столбовите на економското закрепнување по завршувањето на кризата, јави Би-Би-Си.

Друштвото за заштита на диви животни соопшти дека се отруени три од само стотина преостанати примероци на големиот ибис.

Во Индија има лов на тигри, а во Африка се зголемува опасноста дека на ризик можат да бидат изложени носорозите и останатите заштитени видови.

Затворањето на фабриките предизвика многу луѓе да останат без работа. – Падот на глобалната економија може да доведе до зголемување на ловокрадството, предупреди директорот на организацијата „Заштита на природата” за Африка, Мет Браун.

Тој вели дека се загрижени како ќе се одржат ефективните патроли кога околу 50 проценти од планираните приходи оваа година паднаа на нула.

Претставник на зоолошката градина во Франкфурт верли дека сега повеќе од кога било треба да се размисли за вредноста на природата.

– Ковид-19 ни покажува дека природата ја земаме здраво за готово, како и чистиот воздух и водата. Изгледа вистинската вредност на нешто ја сфаќаме дури кога веќе ја нема. Кога еднаш ќе ја изгубиме природата, не можеме да ја вратиме, истакна тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот