Сириските сили се распоредуваат во пограничното подрачје како одговор на договорот постигнат меѓу Русија и Турција – Слободен печат
ВестиПланета

Сириските сили се распоредуваат во пограничното подрачје како одговор на договорот постигнат меѓу Русија и Турција

Распоредувањето е дел од минатомесечниот договор за прекин на огнот и се однесува на територија долж поголемиот дел од североисточната граница.

Сириските сили денеска започнаа со распоредување во области во близина на турската граница на североистокот на земјата, како дел од договорот постигнат меѓу Русија и Турција.

Новинската агенција САНА соопшти дека трупите се распоредени меѓу градовите Џавадија и Маликија, додека државната телевизија посочи дека погранична стража ќе биде поставена на шест точки во близина на границата.

Распоредувањето е дел од минатомесечниот договор за прекин на огнот и се однесува на територија долж поголемиот дел од североисточната граница.

Од постигнувањето на договорот, Русија и Турција започнаа заеднички патроли долж турско-сириската граница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close