Симовски за СП: На пописот Бугарите може слободно да се изјаснат

Апостол Симовски/Фото Слободен Печат/ Драган Митрески

Има графа за попишување на Бугарите на пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Слободен печат“ запрашан да ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека здруженијата на македонските Бугари  треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа за „утврдување на квантитативната, демографската и географската дистрибуција на оваа засебна заедница“.

Директорот Симоски вели дека според методологијата за утврдување на пописот полето за етничка припадност е празно и дека попишаното лице се изјаснува според сопствената слободна волја, но додава дека има засебна графа Бугари.

– Полето за етничка припадност е празно, но во кодната листа има графа Бугари и други припадности. Кога попишувачот ќе почне да го внесува одговорот во соодветното поле, после напишани две-три букви се појавува графата. На пример, ако напише буг, излегува Бугари итн. Има за сите. Попишувачот не сугерира ништо, за да не влијае на одговорот за етничката припадност, само внесува што одговорило попишаното лице – вели Симовски.

На прашањето ако некој по слободна волја сака да се изјасни за Марсовец или за Тунгузиец, на пример, односно дали во кодната листа ги има сите потенцијални одговори за етничка припадност, Симовски одговори потврдно.

– Може да се попишат и како Марсовци. Еден мој познаник ми кажа дека се обиде во апликацијата да внесе етничка припадност Марсовец и апликацијата го прифатила одговорот. Значи, се е по желба на граѓаните. Етничката припадност во пописот се внесува без никакви влијанија. Кај нас е така уште од 1948 година и така и ќе биде – вели Симовски. 

Тој не сакаше многу да ја коментира актуелната политичка состојба и употребата на пописот во дневната политика на Бугарија, само кусо рече дека двојните државјанства не се и етничка припадност.

– Колку Македонци имаат германско државјанстви и дали тоа ги прави Германци – рече Симовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот