Симовски: Добри ни се шансите на ЕП, можеме до две победи! - Слободен печат
ОстанатoСпорт

Симовски: Добри ни се шансите на ЕП, можеме до две победи!

Избраниците на селекторот Матијашевиќ во Скопје ја поминуваат првата фаза од подготовките, а најавени се и серија контролки пред ЕУРО.

Ексклузивно за „Слободен печат“ говореше еден од најдобрите македонски одбојкари и поранешен репрезентативец, Јовица Симовски пред настапот на нашата селекција на ЕП.

Симовски вели дека нашите најдобри одбојкари можат да направат добри резултати и на наредното Европското првенство 2019 година.

cev.eu

– Моите колеги веќе направија супер и голем резултат со самиот пласман на Европското првенство. Познавајќи ги, сигурен сум дека ќе направат уште поголем резултат и ќе се пласираат во наредната фаза на ЕП. Мислам дека на време почнаа да се спремаат и подготвени ќе заминат за самото натпреварување – ни изјави Симовски.

Воедно верува дека „црвено-жолтите“ имаат квалитет за прво позитивно претставување на нашата земја.

Фото: vfmkd.mk

– Мислам дека можеме да направиме две победи. Според мене шансите треба да ги бараме против Турција и Белорусија. Исто така можеме и до позитивен резултат и против Финска. Се разбира, селекциите на Русија и Словенија се фаворити – додаде Симовски кој има богато интернационално искуство на клупски план во Франција и Белгија.

Потсетување дека евро шампионатот ќе го започне против селекција на Финска на 12 септември, а потоа редоследно против Турција, Русија, Белорусија и домаќинот Словенија во Љубљана.

Првопласираните четири ќе се најдат во осминафиналето, првиот со четвртиот, вториот со третиот, и обратно, а вкрстуваме со групата Д каде што се Чешка, Естонија, Црна Гора, Холандија, Полска и Украина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close