Силниот земјотрес во Индонезија однесе една жртва

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Една жена загина во земјотресот со интензитет од 7,3 степени според Рихтерова скала што вчера ги погоди Молучките Острови во источниот дел на Индонезија, информираа денеска локалните власти.

54-годишната жена починала откако врз неа паднале остатоци од нејзината куќа на островот Халмахера, соопшти Иксан Субур, официјален претставник на агенцијата за цивилна заштита на островот.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од десет километри под површина на земјата, 168 километри југоисточно од градот Тернатеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот