Силен ветер во Скопје вечерва корнеше покриви од згради и дрва (ФОТО+ВИДЕО)

Силен ветер вечерва го зафати Скопје, а според дел од фотографиите на социјалните мрежи, откорнати се покриви од згради и дрва.

„Блокирана Партизанска во Карпош 4 кај Палма, внимавајте“, коментираа граѓани на Фејсбук.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил информираше дека градските служби почнале со санирање и обезбедување проодност во градот. Тој апелираше до граѓаните да внимаваат на безбедноста.

Publiée par Петре Шилегов sur Mercredi 26 février 2020

„Се очекува дека силниот ветер кој што дува во градот, на моменти ќе достигне и удари над 70км на час. Екипите се веќе излезени на терен и започнавме со отстранување на одлетаните кровови и паднатите дрва. Ве замолувам, секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти. Состојбата се следи и се превземаат соодветни мерки“, напиша Шилегов.

На Фејсбук се огласи и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

„Како резултат на силниот ветер, отстранети се кровни површини на неколку згради низ Карпош.
Сите наши комунални служби излегуваат на терен, со цел справување со невремето“, напиша Богоев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот