Сигна­ли што ви ги да­ва те­ло­то до­кол­ку има­те згрут­чу­ва­ње на крвта

Фото: Profimedia

Крв­ни­те згрут­чу­ва­ња се мно­гу опас­на по­јава, ко­ја знае да му го заг­ро­зи жи­во­тот на оној што ги има во сво­јот ор­га­ни­зам, а при­тоа не е ни­ту све­сен за тоа. Се­пак, на­ше­то те­ло ка­ко и за се­ко­ја внат­реш­на про­мена, та­ка и за оваа, се оби­ду­ва да ни сигна­ли­зи­ра де­ка неш­то на­вис­ти­на не е во ред со на­ше­то здравје. За­тоа вни­ма­тел­но сле­де­те ги зна­ци­те и на тој на­чин ќе си го спа­си­те соп­стве­ни­от жи­вот.

Инаку, згрут­чу­ва­ње­то на крв­та во на­ши­от ор­га­ни­зам всушност е на­соб­ра­на крв ко­ја по­ра­ди тоа што се прет­во­ри­ла во еден вид гел, ја из­гу­би­ла спо­соб­нос­та да те­че и по­ра­ди тоа за­поч­на­ла да се аку­му­ли­ра во не­ко­ја ве­на или ар­те­рија.

Иа­ко ре­чи­си и да не­ма чо­веч­ки ор­га­ни­зам во кој ба­рем ед­наш во те­кот на жи­вот­ни­от век се не­ма аку­му­ли­ра­но вак­ва крв во не­ко­ја вена, се­пак тој чо­век не по­чув­ству­вал од­ре­де­ни здрав­стве­ни про­ме­ни по­ра­ди ма­ла­та ко­ли­чи­на на аку­му­ли­ра­на крв. Се­пак, до­кол­ку вак­ва­та сос­тој­ба трае дол­го време, а при­тоа ко­ли­чес­тво­то на згрут­че­на крв по­стоја­но се зго­ле­мува, во тој слу­чај мо­ра нав­ре­ме­но да се ре­а­ги­ра би­деј­ќи ста­ну­ва збор за жи­во­то­заг­ро­зу­вач­ка сос­тојба.

Вак­во­то опас­но на­та­ло­жу­ва­ње на крв во ве­ни­те е поз­на­та ка­ко дла­бо­ко вен­ска тром­боза, а осо­бе­но е ри­зич­но до­кол­ку згрут­че­на­та крв за­поч­не да се дви­жи и да стиг­не до мо­зо­кот или, пак, до бе­ли­те дро­бови.
Ток­му за­тоа, се­кој од нас би тре­ба­ло да на­у­чи да ги препоз­на­ва сигна­ли­те и сим­пто­ми­те што ни ги да­ва те­лото, до­кол­ку во не­го за­поч­на­ла да се та­ло­жи по­го­ле­ма ко­ли­чи­на згрут­че­на крв.

Сил­но чу­ка­ње на ср­цето

До­кол­ку има­те згрут­чу­ва­ње на крв­та и тоа во бе­ли­те дро­бови, нај­ве­ро­јат­но ќе по­чув­ству­ва­те те­жи­на во гра­дите, ко­ја бук­вал­но ќе ви го од­зе­ма зди­вот. Во та­ков слу­чај та­хи­кар­ди­јата, од­нос­но заб­р­за­но­то ср­це­во би­е­ње е нор­мал­на по­ја­ва по­ра­ди на­ма­ле­ни­от внес на кис­ло­ро­дот во те­лото. По­ра­ди тоа, ва­ше­то ср­це ќе за­поч­не да пум­па крв поб­р­зо од во­о­би­ча­е­ното, сè со цел да од­не­се до­вол­но кис­ло­род во си­те дру­ги де­ло­ви од те­ло­то за­ра­ди нив­но нор­мал­но и неп­ре­че­но фун­кци­о­ни­рање.

Каш­ла­ње без не­ко­ја осо­бе­на при­чина

До­кол­ку по­не­ко­гаш има­те не­о­че­ку­ван „на­пад“ на каш­лање, без да има как­ва би­ло при­чи­на да ви се слу­чу­ва тоа, тоа мо­же да би­де еден од сигна­ли­те на пре­дуп­ре­ду­ва­ње што ви ги да­ва те­лото, де­ка во ва­ши­те бе­ли дро­бо­ви за­поч­нал про­цес на аку­му­ли­ра­ње на згрут­че­на крв.

Бол­ка во гра­дите

Ако ве бо­лат гра­ди­те се­ко­гаш ко­га ќе вди­ше­те дла­боко, а при­тоа не сте пу­шач што во из­ми­на­то­то де­но­но­ќие пре­те­рал со пу­ше­ње­то го­лем број ци­гари, то­гаш овој сигнал тре­ба да ви би­де до­вол­на при­чи­на вед­наш да се об­ра­ти­те на ле­кар и да ги пот­врди­те или, пак, да ги де­ман­ти­ра­те сом­не­жи­те де­ка во бе­ли­те дро­бо­ви има згрут­че­на крв. Ка­ко до­пол­ни­тел­на пот­врда на ва­ши­те сом­не­жи мо­же да би­де и до­кол­ку без не­ко­ја осо­бе­на при­чина, чув­ству­ва­те ос­тра бол­ка во гра­дите, тол­ку сил­на што од­ре­ден број лу­ѓе мис­лат де­ка што­ту­ку до­би­ле ср­цев удар.

Фле­ки на ко­жата

Црве­ни­те или, пак, ка­фе­ни­те точ­ки што на­ед­наш ќе се по­ја­ват на ва­ша­та кожа, тре­ба да ви би­дат до­вол­на при­чи­на за сом­неж де­ка неш­то не­во­о­би­ча­е­но и чуд­но му се слу­чу­ва на ва­ше­то тело. Иа­ко тоа е пе­ри­од што трае по­дол­го време, од­нос­но по­ја­ва­та на од­ре­де­ни фле­ки на ко­жа­та не­ма да се слу­чи пре­ку ноќ, вие тре­ба да би­де­те свес­ни и до­вол­но од­го­вор­ни кон се­бе и кон соп­стве­но­то здрав­је и да нап­ра­ви­те кон­тро­ла кај ва­ши­от ма­ти­чен ле­кар. Вак­ва­та по­ста­пка бук­вал­но мо­же да ви го спа­си жи­во­тот, би­деј­ќи се­ко­ја нав­ре­ме­но от­кри­е­на бо­лест или ка­ко што е во слу­ча­јот сос­тојба, ко­га ќе би­де от­кри­е­на нав­реме, мно­гу бр­гу мо­же да се „ис­ко­рени“ и пов­тор­но да би­де­те ком­плет­но здра­ви и пол­ни со енер­гија.

Бол­ки и оте­ку­ва­ње на раце­те и но­зете

Иа­ко за да оти­де­те на ле­кар и да про­ве­ри­те да­ли има­те згрут­чу­ва­ње на крвта, тре­ба да има­те „по­силни“ сим­пто­ми од оте­ку­ва­ње и бол­ки во но­зе­те и рацете, се­пак, ко­га ста­ну­ва збор за овие сим­птоми, тие спо­ред ле­ка­ри­те се оние што лу­ѓе­то ги чув­ству­ва­ат ко­га има­ат проб­лем со та­ло­же­ње­то на по­го­ле­мо ко­ли­чес­тво крв на ед­но место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот