9 C
Скопје

Швајцарска полиција: Девојката што изврши напад со нож во Лугано била под истрага за џихадизам во 2017 година

Дваесет и осумгодишната Швајцарка, која во вторникот повреди две лица со нож во супермаркет во Лугано, била под полициска истрага во врска со џихадизмот, соопшти швајцарската федерална полиција.

Извршителката на нападот, која во вторникот попладне повреди две жени во продавница во Лугано, е позната на швајцарската полиција од истрагата во 2017 година во врска со џихадизам, твитна федералната полиција, без да даде повеќе детали.

Регионалната полиција во Тесан, синоќа спомена дека е можно да станува збор за напаѓачка со „терористичка мотивација”. Според првите елементи на истрагата, таа се обидела да ја задави едната од двете жени со голи раце, а втората ја повредила со нож во вратот.

Останатите клиенти кои се затекнале во супермаркетот, успеале да ја совладаат младата жена, која е уапсена, додаваат од регионалната полиција.

Истрагата за овој случај ќе ја спроведе федералната полиција, која истовремено на Твитер објави отворање на кривична постапка.

Прочитајте и...  Одборот на Сенатот едногласно ја одобри кандидатурата на Џенет Јелен за министерка за финансии

Поврзани вести

ЕК: Инсистираме на стабилност во испораките на вакцините на АстраЗенека

Слободен печат

Опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19, но остануваат апелите за почитување на мерките за заштита

Слободен печат

Се врати во сила Законот за акцизи, бензините и дизелот поевтини за два денара

Слободен печат

За згрижувачките семејства мајка, за биолошките маќеа!?

Времето денеска облачно и врнежливо

Слободен печат

Новата зграда на ЕЛЕМ ќе остари додека добие употребна дозвола

Весна Дамчевска

Остави Коментар