Швајцарија на претквалификацискиот турнир за СП во Скопје доѓа со нов селектор

фото: fiba.com

Досегашниот асистент во грчката репрезентација Илијас Папатеодору е нов селектор на швајцарскиот национален тим и ќе го води на претквалификациите што идниот месец ќе се одржат во Скопје.

Папатеодору беше дел од стручниот штаб на Рик Питино во грчката репрезентација за време на олимписките квалификации што се одржаа пред две недели, а на кои нашиот јужен сосед на успеа да обезбеди пласман во Токио затоа што во финалето загуби од Чешка. Се очекува Папатеодору, кој доаѓа на местото на Џанлука Барилари, в петок да замине во Швајцарија и да ги почне подготовките за претквалификациите.

Освен Македонија, противник ќе му биде и Словачка, а циклусот се одржува од 12 до 18 август во Скопје. Заедно со Папатеодору, во стручниот штаб ќе биде и неговиот сонародник Димитрис Менудакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот