Што за вечера? Три идеи кои се вкусни, лесни и здрави

вечера
Фото: Пиксабеј

Многу често, како што изминал денот, веќе знаеме со каков оброк би сакале да го завршиме. Но, доколку не сте имале време да размислите – еве ви три идеи за здрава вечера која „вкусно“ ќе ви го заокружи денот.

Вечерата е оброк на кој најмногу треба да се фокусираме, пред сè поради она што се однесува до нејзиното време, а веднаш потоа изборот  на храната за неа. Времето во кое ја јадете вечерата, но и она што го внесувате во телото за време на истата, може да има поволно или неповолно влијание, во зависност од тоа дали избирате здрава и лесна храна или калорична и тешка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisela Tenggren (@mumrick48)

Најдобро време да се приспособите на вашата вечера е 3 часа пред спиење. Секако, тоа не значи дека ќе вечерате во 10, бидејќи легнувате еден час по полноќ. Најдобро би било вечерата да ја завршите до 21 часот. А доколку немате идеја што би можеле да подготвите за вечера, ви даваме три вкусни и здрави рецепти за сечиј вкус.

Сочни полнети тиквички

Овој рецепт е идеален за есенскиот период бидејќи токму сега е сезона на тиквички, па доколку ви се допаѓа набавете се што ви треба и почнете да го подготвувате.

Состојки:

4 тиквички со средна големина

1 голем морков

600 гр бело месо

домат – излупен домат

1 кромид

малку оригано

200 гр чедар сирење

 

Начин на подготовка:

Излупете те ги и пресечете ги на половина тиквичките. Извадената внатрешност од тиквичките пропржете ја со претходно исечкан кромид и изрендан морков. Додадете малку излупени домати. Зеленчукот динстајте го 5-6 минути, па додадете го пилешкото исечкано на коцки, посолете малку. Пржете се заедно околу 15 минути. Потоа со добиената смеса наполнете ги издлабените тиквички и зачинете со оригано. Одозгора изрендајте малку чедар и ставете ги тиквичките во рерна. Печете ги 15-20 минути на 200 степени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IT的廚房生活 (@ijustcookit)

Вкусно пилешко со ориз и домат

Состојки:

маслиново масло

4 пилешки филети

2 лажици млеко

2 чешниња лук

1 лажица сок од лимон

1 голема шолја интегрален ориз

100 гр свеж спанаќ

2 чаши шери домати

 

Начин на подготовка:

Додадете малку масло во тавата и добро загрејте го. Кога маслото ќе достигне висока температура, додадете го пилешкото. Се динста десетина минути, повремено додавајќи малку вода. Зачинете го со сол и бибер. Кога ќе се испржи месото, извадете го и оставете го под фолијата да не се излади. Потоа истурете малку масло од тавата ако е премногу, тавчето повторно ставете го на шпорет и додадете млеко, сок од лимон и лук. Мешајте додека не се соединат. Потоа додадете го оризот. Се‘ заедно се динста околу 2-3 минути, па се додаваат доматите. За уште подобар вкус додадете спанаќ. Кога ќе се сварат оризот и спанаќот, вратете го пилешкото во тавата и сето заедно пропржете го уште неколку минути. Послужете го топло со малку свежа салата.

Невообичаена медитеранска салата со наут

Состојки:

150гр наут

1 краставица

1 пиперка

половина црвен кромид

маслинки (додадете по желба)

150 гр фета сирење

 

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги наутот, краставицата, пиперката и кромидот и исечете ги на коцки или листови, по ваша желба. Додадете маслинки, фета и зачинете со сол и бибер по желба. Додадете маслиново масло и сок од половина лимон. Најдоброто нешто кај оваа салата, покрај тоа што е здрава, е и брзиот начин на подготовка, но и интересно необичниот вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот