Што се случува со Кирјос во последно време, го пофали Новак

twitter.com/josemorgado

Австралискиот тенисер му се заблагодари на Новак Ѓоковиќ за време на разговорот во живо со Енди Мареј.

Ник Кирјос е познат по своето контроверзно однесување на тениските терени но и надвор од него кога често ги провоцира двајцата најдобри тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Но, во последно време, тој изненадува со своите реакции.

Ѓоковиќ и Енди Мареј вчера имаа интересен разговор во живо преку Инстаграм, на кој се вклучи со свој коментар и Кирјос. Имено, кога го правеа идеалниот тенисер, Ѓоковиќ го спомена токму Кирјос.

Кога би бирал сервис, тогаш би го земал сервисот на Кирјос, тој има најдобар сервис од сите тенисери против кои сум играл. Тој е голем талент  – изјави Ѓоковиќ, додека Мареј повеќе беше импресиониран од сервисот на Џон Иснер.


Бидејќи разговорот го следеше и Кирјос, тој веднаш реагираше преку својот профил на Инстаграм.
„На здравје брату“, напиша Кирјос и додаде срце, со што ги изненади сите негови фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот