Што може да се случи со вашето тело ако престанете да спиете со перница под главата?

Фото: Unplash

Спиењето со перница можеби не е најдобриот начин за релаксација бидејќи може да влијае на вашето тело и расположение. Покрај тоа, многумина се согласуваат дека спиењето без перница има голем број предности, а во продолжение издвојуваме некои од нив:

1. Ја намалува болката во грбот

Многу перници можат да доведат до неприродна положба на спиење. Иако самата перница нема да му наштети на грбот, може да ја влоши болката. Кога спиете без перница, ‘рбетот може да се одмори, а телото е во природна положба.

2. Помага при болки во вратот

Повеќето перници не можат да ви помогнат да спиете во правилна положба. Долготрајното виткање на вратот на кој било начин ќе ви предизвика непријатност, а премногу тесните или меки перници исто така може да доведат до болка во вратот.

3. Може да го ослободи стресот

Колку повеќе нарушувања во текот на спиењето имате, толку помалку време вашето тело има за многу важните функции што се случуваат за време на спиењето. Постојан недостаток на сон може да влијае на вашето расположение и концентрација, а вашето тело ќе ослободува повеќе хормони на стрес во текот на денот.

unsplash

 

4. Помош кај главоболки

Ако се разбудите со главоболка, можеби е виновна вашата перница. Премногу високите перници предизвикуваат напнатост во мускулите на вратот, па затоа не треба да ве изненадуваат честите утрински главоболки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот