Што да правите во Скопје ОВОЈ ВИКЕНД

Здраво-живо уметничко Скопјенце. Во очекување на ноќта на Оскарите, ајде да се потсетиме зошто треба да им се восхитуваме на посветените уметници, воопшто, и секојдневно. На нашите уметници. А, не само кога ќе направат светски успех со кој сите се идентификуваме, препишувајќи го за „свој“. Пред сè, зашто уметниците имаат силен карактер. И независни се. Посветените уметници се самовработени, никој не стои зад нив, а себеси се ставаат на сериозен ризик во однос на економската безбедност, особено кога сè уште се пробиваат и се докажуваат, кога им треба најмногу поддршка (која ретко ја добиваат). Храброст е и самата одлука – да се биде уметник. Многу студенти завршуваат Уметнички училишта секоја година; сепак, колку од нив всушност станале професионални уметници? Не многу. За професијата слободен уметник, треба цврстина, да се тргне „против струјата“, да се биде различен од масата, при тоа да се биде свесен дека шансите за успех не се загарантирани. Дополнително, треба да се биде подготвен за спротиставување на неуките коментари, како што се „и баба мѝ може ова да го наслика/напише“ и слично, фрази што се слушаат честопати. Ако и баба ви можела тоа да го направи, тогаш зошто вие не го направите десет пати подобро, со наследните генијални уметнички гени од баба ви?! Ама, ќе можете ли и да излезете на пазарот и да го понудите вашето дело?! Да си ги платите сметките за живеачка од тоа дело. Се разбира, многу полесно е да се биде вгнезден во некое канцелариското сопче и да се дебатира за уметноста, која често и не сте ја виделе или прочитале. За сограѓанските потврди, тие најтешко „паѓаат“. Обично, потврдите први пристигнуваат од друга или трета земја.

Затоа, имајте поголема почит кон уметниците уште пред да добијат потврди надвор од сопствената земја, од своите сограѓани. За почеток, почитта ќе ја покажете присуствувајќи на уметничките настани во градот. За овој викенд, еве кои.

ПЕТОК

16 часот

Ако сте за совршени палачинки после работа, одете во „Сентидо Лонџ Бар“ (на бул. Кирил и Методиј број 7). Милки вкусовите сега се достапни и во Македонија. За забавата ќе биде задолжен диџеј Матс.

Прочитајте и...  Адвокатската канцеларија од Скопје ѝ нуди бесплатна правна помош на жртвата која беше брутално нападната од насилниците од Штип

18 часот

Ако сè уште не сте го погледнале, филмот „Врба“ на Манчевски се прикажува во Кинотека (карши гимназијата „Никола Карев“). Проекции ќе има во исто време и в сабота и недела, а влезот е само 100 денари.

19 часот

Почнува Фестивалот „Арт Ареа“ кој ќе трае до 26.ти, недела, во кино Култура. Почетокот е во знакот на изложби на фотографија (Ѕвонко Плавевски „Skopje Street Life“) и илустрација (Владимир Лукаш). Во 19.30 ќе има ромоција на романот „Пропаст“ од Владимир Зарев (Бугарија), а промотор ќе биде Оливера Ќорвезироска. Во 20.30 – Книжевни муабети: промоција на романот „Девет приказни за госпоѓа Сит“ од Билјана Црвенковска; промоторки: Калина Малеска и Фросина Пармаковска
22:00 – Џез концерт на Шамба трио.

20 часот

Во Националната опера и балет ќе се изведува операта „Евгениј Онегин“ која е приказна за љубовта и страдањето. Eпска димензија на вечната потрага по љубовта, но и на вечниот круг на страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски…Работена е според поемата на најголемиот руски поет и основачот на модерната руска литература Александар С. Пушкин и музика од Петар Илич Чајковски. Операта е во режија на Дејан Пројковски,

20 часот

Ако сте повеќе за театар, во театар Комедија ќе се изведува претставата „Жени пред нервен слом.“

20 часот

Не ја пропуштајте „Медена Земја“ во Кинотека на Северна Македонија. Влезниците се 150 денари.

20.30

Ако сакате да „тркнете“ до Италија, „тркнете“ до Форца бар и ресторан, каде ќе има италијанска вечер.

20.30

Во МКЦ бар и ресторан ќе се случува традиционалната годишна забава на Скопскиот џез фестивал, со промоција на новите календари за 2020 година и концертeн настап на триото на Сашо Поповски. Сашо Поповски е џез-музичар од четвртата генерација македонски уметници. Гитарист, композитор и професор на џез-одделот при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Активен е на музичката сцена повеќе од дваесет години со разни проекти и соработки, а зад него има три џез-албуми.
Влезот е слободен.

20.30 часот

Во Кино Култура ќе има книжевни муабети, односно, во промоцијата на романот„Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска во рамки на фестивалот „ArtArea 3“. Промоторки: Калина Малеска и Фросина Пармаковска.
„Девет приказни за госпоѓица Сит“ е прв роман на Билјана С. Црвенковска (не сметајќи ги романите за деца), кој жанровски може да се определи како магичен реализам. Станува збор за женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни…
Илустрацијата и дизајнот на корицата е на Зоран Кардула.

Прочитајте и...  Мартиновски: Во најтешките услови се создавани значајни дела, изолацијата не е нешто непознато за уметниците

САБОТА

8 часот

Ајде на спортување. Организирана е велосипедска тура до Езеро Козјак. Ќе се вози преку Батинци, Варвара, Нова Брезница…Место на поаѓање: Големиот „Тинекс“ во Кисела Вода, во 8 часот. За повеќе информации јавете се кај Коста Шимбов (075 544 020).

9 часот

По шестнаесети пат ќе биде организирана голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден. Организатори на крводарителската акција се Црвениот крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Гази Баба , Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот. И оваа година акцијата е планирано да се реализира во холот на Дом на АРМ во периодот од  9 до 17 часот.

19 часот

Израдувајте ги дечињата со забавна претстава. Во нашиот омилен театар, Театарот за деца и млади ќе се игра „Црвенкапа“.

19 часот

Во Кино Култура ќе има кинопроекција – „Кружното патување со Жарко Иванов“, режија: Жарко Иванов, сценарио: Жарко Иванов и Александар Прокопиев. И – „Славко од нашата улица“, видео-есеј на Наум Пановски.

20. 30 часот

Остануваме во Кино Култура на Правда за кратката проза (Ѓорѓи Крстевски, Виолета Бојковска, Владимир Мартèиновски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски). Модератор е Иван Шопов. Потоа (во 22 часот) следува концерт на ВИС Тркалезна маса (поетско-музички перформанс).

20 часот

Во Театар Комедија ќе се игра претставата „Стјуардеси“.

21.30

Ако сте за весела забава, ќе ве забавува бендот „Саут Парк“ во кафулето „Лонг плеј“ (во тц. Бисер).

22 часот

Во царството на пивото, кафулето „Вудсток“ може да уживате во отмен рокенрол со „Reef Rough“

НЕДЕЛА

9 часот

Спортувањето никогаш не е на одмет, напротив. Во Катланово продолжува традицијата на трчање и отворени тренинзи. Две патеки – 30 км. и класичната 21 км. ви се на располагање.

Прочитајте и...  Се зголемува субвенцијата за задржано женско јагне

Не станува збор за трка, туку за заедничко трчање и уживање во природата.

Стартот е од паркингот кај Катлановска бања во 9 часот. По трчанката може и капење во пештерата со топла вода. Повеќе информации ќе ви даде Трајче Панковски на тел. 070-268-435.

12.30 часот

Жалната и преубава приказна за девојчето со кибритчињата може да ја погледнете со вашите дечиња. Истоимена театарска претстава има во Театарот за деца и младинци.

16 часот

Уживајте со целото семејство, со пријателите, или – зошто да не – сами, во преносот во живо на „Жизел“ од театарот Бољшој. Се разбира, во Синеплекс.

16.40 / 19.30 и 22 часот

Остануваме во „Синеплекс“ каде се прикажува драмата „Малите жени“. Филмот е базиран на истоимената книга во која се пишува за животот на четирите сестри, Ејми, Џо, Бет и Мег и нивното растење во Америка по Граѓанската војна. Режијата е на Грета Гервиг. Улогите ги толкуваат Флоренс Пуг, Ема Вотсон, Серса Ронан, Мерил Стрип.

Осварувањето е номинирано во шест категории за Оскар, меѓу кои и за најдобар филм, најдобра музика, како и за најдобра женска главна улога (за Серса Ронан) и најдобра женска споредна улога (за Флоренс Пуг).

19.30 часот

Еве супер креативна активност за вашите деца! Во Кино Култура се организира креативна работилница за деца „Добредојдовте во Страшкоград” сo Билјана Црвенковска и Нита Муча. Еве ја програмата:

– Креативна работилница за деца – креативно пишување, цртање, колаж и пластелин – „Добредојдовте во Страшкоград”
– Читање на извадоци од книгата „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград” и запознавање со ликовите
– Креирање на ликови – стари и нови жители на Страшкоград, креирање на Страшкоград од детската фантазија или пишување нови приказни од Страшкоград
– Го направивме Страшкоград – спојување на сите креации во една изложба и заедничко правење еден вид „макета” на градот

Сите трудови ќе бидат изложени во Кино Култура и ќе се направи заедничка макета, а сите деца-учесници на некој начин ќе влезат во второто продолжение на приказната за Sвезда Мрак.
Работилницата е бесплатна и е наменета за деца над 5 години. Бројот на учесници е ограничен, со задолжително пријавување на: biljana.crvenkovska@gmail.com.

 

 

 

Прочитај повеќе

Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ се соблече во карантин и ја „вжешти“ атмосферата! (ФОТО)

Слободен Печат

ХИТ фотографија: Како е да се биде мајка, а да се работи од дома? (ФОТО)

Слободен печат.

Над 6,6 милиони Американци во една недела останаа без работа – коронавирусот удри врз економијата

Слободен печат

Се појавија нови заеднички фотографии, Ирина Шајк не се одвојува од милионерот (ФОТО)

Слободен печат

Заев: Очекувам банките да ги намалат каматите на кредитите

Слободен печат

Во светот веќе има над еден милион заболени од коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Уапсени пет белграѓани, измамиле Европејци за над 60 милиони евра

Слободен печат

Се затвори фабрика во Прилеп: Вработен бил во контакт со лице позитивно на коронавирус

Слободен печат

Намален бројот на примени пациенти на интензивна нега во Франција, за 24 часа 471 смртни случаи

Слободен печат

Нема да го препознаете: Горан Пандев има нов „карантински“ имиџ (ФОТО)

Васко Спасоски

Ангеловска: Буџетот е крвотокот на државата кој го овозможува нејзиното функционирање

Слободен печат

Најнови податоци за состојбата со Ковид-19 во светот до 20 часот

МИА Агенција