Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix hbo
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин IMDB

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Tick, Tick… Boom! – Филм на „Netflix“

Приказна за еден креативен композитор во Њујорк, кој е загрижен дека направил погрешен избор на кариера, додека се движи низ слатките љубовни маки и пријателства. Овој филм е адаптација на автобиографскиот мјузикл на драматургот
Џонатан Ларсон.

Жанр: мјузикл/драма / IMDB оценка: 7.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 88%

Gentleman Jack – Серија на „HBO“

Инспиративна приказна за една жена која имала неверојатна страст за животот и отворен ум за бизнис. Ен Листер е ЛГБТИ иницијаторка, незаситна ученичка која се обидувала да стави крај на претпоставките и очекувањата на општеството во 1832 година.

Жанр: историска драма / IMDB оценка: 8.2  / Rotten tomatoes рејтинг: 90%

Dear White People – Серија на „Netflix“

След на група студенти на Универзитетот Винчестер чии студенти се претежно белци. Студентите се соочени со културна пристрасност, социјална неправда, погрешен активизам и „климава“ политика. Преку апсурдистичкиот објектив, серијата користи иронија, самопонижување, брутална искреност и хумор за да ги нагласи прашањата што сè уште лебдат во „модерното“ општество.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка:  6.1 / Rotten tomatoes рејтинг:  95%

Happiest Season – Филм на „HBO“

Аби планира да ја запроси својата девојка Харпер пред членовите на семејството на Харпер. Но, таа се шокира кога дознава дека Харпер сè уште не им кажала на своите родители дека има девојка…

Жанр: драма / IMDB оценка:  6.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 82%

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот