Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Harry & Meghan“ – серија на Нетфликс

Ова е документарна серија во шест дела, во режија на Лиз Гарбус, која содржи интервјуа со принцот Хари и Меган Маркл, како и со нивни пријатели, колеги, новинари и историчари, кои зборуваат за нивната врска со британското кралско семејство, за монархијата и за британските медиуми.

Жанр: документарец / „IMDB“ оценка: 3.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 40%

„The Noel Diary“ – филм на Нетфликс

Чистејќи го својот дом од детството за божиќните празници, писател запознава интригантна млада жена која е во потрага по нејзината родена мајка. Дали еден стар дневник ќе ги отклучи нивните мината, но и срца?

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 71%

„The Sex Lives of College Girls“ – серија на Ејџ-би-о

Оваа комична серија ги следи животите на четири 18-годишни студентки на колеџот Есекс во Вермонт, опфаќајки го нивниот сексуално активен животен стил додека се справуваат со сите обврски и тешкотии на факултетот.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 93%

„Holiday Harmony“ – филм на Ејџ-би-о

Пејачката и текстописец Гејл добива можност да се натпреварува на животно важен настан, и патува низ земјата – но стигнува само до Хармони Спрингс, Оклахома, кога нејзиниот превоз, буџетот и надежите се попречени.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 93%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот