Штитната жлезда е виновна за паничните напади

Хормоните на тироидната жлезда се главните регулатори на организмот и се клучни за извршување на сите процеси што се одвиваат во сите органи и ткива.

Покрај тоа што го отежнуваат секојдневието, болестите на тироидната жлезда понекогаш може да влијаат и врз развојот на другите проблеми.

1. Неплодност

Кога жена ќе посака да забремени, ретко на некоја ќе ѝ падне напамет да ги испита хормоните на тироидната жлезда, а можно е и лекарот да го пропушти тоа. Хормоните на тироидната жлезда директно влијаат врз слузницата на матката, предизвикувајќи проблеми или дури и спонтан абортус, без разлика дали станува збор за намалено или за зголемено ниво на хормони.

2. Губење на либидото

Губењето на сексуалната желба често се јавува кај пациентите со хипотироидизам. Кај пациентите со зголемени нивоа на хормоните на штитната жлезда може да се појави истиот проблем, но исто така може да се случи да доживеат и епизоди со зголемена сексуална желба поради забрзаното работење на метаболизмот. Кај хипотироидизмот, метаболизмот е забавен, што значи дека е истиот случај и со репродуктивните органи. И мажите и жените може да забележат пад на тестостеронот и на естрогенот.

3. Депресија

Недоволните нивоа на хормоните Т4 и Т3 честопати се причина за лошо расположение. Големата студија во која учествувале 4.000 лица, заклучила дека 66 отсто од пациентите би реагирале малку или никако на антидепресиви или ќе имаат последици. Исто така, било заклучено дека лековите за хормонот Т3 дејствувале подобро, дури и кога лековите за смирување или психотерапијата немале ефект.

4. Дебелина

Ако сте слушнале дека бавната функција на тироидната жлезда не може да влијае врз дебелеењето, информацијата не е точна. Без оглед на тоа колку програми за слабеење се достапни денес, многу луѓе што имаат проблеми со вишокот килограми, не успеваат да ги изгубат. Во огромно мнозинство случаи во прашање е одредено нарушување на метаболизмот, а едно од нив е и забавената функција на тироидната жлезда. Хормонот на штитната жлезда го регулира метаболизмот, влијае врз апетитот и ја регулира телесната тежина.

5. Анксиозност и напади на паника

Се будите одлично расположени, полни со енергија, но вознемирени. За кратко време енергијата исчезнува и се чувствувате забавено како да сте полжав, страдате од запек, косата ви паѓа и губите килограми, па следува депресија. Првичните симптоми не исчезнуваат, ве напаѓа паника, се потите и тресете… Додека прво ќе помислите дека станува збор за ментален проблем, можно е да е во прашање Хашимото синдром.

Хашимото тироидитис припаѓа на групата автоимуни заболувања и е најчеста причина за намалена функција на штитната жлезда (хипотироидизам). Пациентот може да се пожали на забрзано чукање на срцето, потење, мрсна кожа, тремор, слабеење. Овие симптоми можат да траат од неколку денови до неколку недели. По појавата на иницијалните симптоми, се појавуваат симптоми на хипотироидизам.

6. Синдром на карпален тунел

Симптомите вклучуваат горење и/или боцкање во прстите, понекогаш дури и вкочанетост, а пречките значително ја нарушуваат фината моторика на рацете. Пациентите што имаат проблеми со тироидната жлезда, често се жалат на овој синдром, но не сфаќаат дека болката на овој нерв и тироидната болест е силно поврзана затоа што кај луѓето чија тироидна жлезда не работи добро, може да дојде до задржување на течноста во сврзното ткиво.

7. Болести на срцето

Дали страдате од висок холестерол или од висок крвен притисок? Можно е за овие состојби да е одговорна тироидната жлезда. Имено, нивото на тироидните хормони има директно влијание врз срцето, предизвикувајќи забавено или забрзано чукање на срцето, што може да доведе и до развој на други болести. Поради овие симптоми, лекарот ќе ве упати на кардиолог, но би требало да разговарате и со стручњак за здравјето на тироидната жлезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот