ШПИОНИ НА ОКТОБЕРФЕСТ: Германската влада финансираше „екскурзија“ за странски агенти

Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Германската влада призна дека финансирала посета на странски агенти на овогодинешниот Октоберфест во организација на гермнаската разузнавачка агенција, пренесе српски „Блиц“.

Портпаролот на германската разузнавачка агенција БНД ги одби да ја коментира оваа посета, во која наводно учествувале повеќе од 100 германски шпиони заедно со нивните гости. Според информациите на „АП“, оваа „екскурзија“ чинела повеќе од 30.000 евра.

Агенцијата наведува дека не е јасно дали целата сума е потрошена за пиво, за кое се верува дека може да го „одврзе јазикот“.

Веста на посетата на шпионите на светски познатиот фестивал на пиво во Минхен е обелоденета во одговор на владата од прашање на опозциски пратеник, а за тоа прв извести весникот „Вилд ам Зонтаг“ пред некое време.

Пратеникот на Левицата Дитер Дем, кој побара одговор од владата, ја нарече оваа посета „безобразна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот