Шпанските банки размислуваат за трајно затворање на дел од филијалите

Противењето на синдикатите на затворањето филијали и навиката на шпанските граѓани да користат експозитури повеќе од другите жители на европските земји, го забавија напредокот на шпанските банки во намалувањето на нивната деловна мрежа.

Додека Шпанија повторно се отвора по кризата со Ковид-19, нејзината банкарска индустрија ја користи можноста да ја намали својата гломазна мрежа на филијали, која долго време ја попречува нејзината профитабилност, а четири банки веќе најавија трајно затворање на најмалку 800 филијали.

И покрај значително прекроената деловна мрежа од финансиската криза во 2008 година, со над 2.000 филијали затворени минатата година, мрежата од 24.000 филијали на шпанските банки останува една од најголемите во светот во однос на населението, според Меѓународниот монетарен фонд.

Противењето на синдикатите на затворањето филијали и навиката на шпанските граѓани да користат експозитури повеќе од другите жители на европските земји, го забавија напредокот на шпанските банки во намалувањето на нивната деловна мрежа, иако високата цена на нивната работа значително ја намали нивната профитабилност.

Со оглед на тоа што голем дел од нивната мрежа беше затворена за време на вонредната состојба поради пандемијата на коронавирус, банките почнаа да испитуваат дали промените во однесувањето на клиентите, кои претежно се префрлале на електронски услуги, значат дека повеќе филијали би можеле да останат затворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот